Западот загрижен од одлуката на романската влада за антикорупциските закони
Во заедничко соопштение на амбасадите на САД, Канада, Германија, Франција, Белгија и Холандија се изразува длабока загриженост „од дејствијата на владата кои го поткопуваат напредокот на Романија за правна држава и во борбата со корупцијата, забележан во последните десет години“.

Шест западни држави изразија длабока загриженост од одлуката на романската влада да декриминализира некои корупциски кривични дела и соопштија дека тоа може да ги поткопа успесите на Букурешт во борбата против корупцијата.
Во заедничко соопштение на амбасадите на САД, Канада, Германија, Франција, Белгија и Холандија се изразува длабока загриженост „од дејствијата на владата кои го поткопуваат напредокот на Романија за правна држава и во борбата со корупцијата, забележан во последните десет години“.
Над 250.000 Романци синоќа демонстрираа низ целата земја против владината одлука, што се доживува како најголемото отстапување од реформите откако Романија во 2007 година се приклучи кон ЕУ.
