Нов студен бран по топлиот викенд

02.02.2017 11:42

Според прогнозата на УХМР ќе се задржи променливо облачно со сончеви период и со појава на магла по котлините и по речните долини. Ќе има повремен слаб локален дожд кој ќе биде застапен во западните делови. Во понеделник се очекува врнежите да се прошират насекаде...

По топлото време за време на викендот, хидрометеоролозите од понеделник попладне најавуваат нов студен бран и снег на повисоките места и планините.

Според прогнозата на УХМР ќе се задржи променливо облачно со сончеви период и со појава на магла по котлините и по речните долини. Ќе има повремен слаб локален дожд кој ќе биде застапен во западните делови. Во понеделник се очекува врнежите да се прошират насекаде и да бидат поинтензивни а кон крајот на денот како резултат а спуштање на постуден воздух од север ќе поминуваат во снег на повисоките места и на планините.

Утринските температури ќе се движат од -4 до 2 утре, -4 до 3 во сабота, од 0 до 5 во недела од -2 до 4 во понеделник, -1 до 6 во вторник и од -4 до 4 во среда. Дневните ќе бидат во интервал од 5 до 11 утре, од 7 до 13 во сабота, од 5 до 15 во недела, од 8 до 16 од понеделник, од 3 до 9 во вторник и среда.