Русија воспостави контрола на границата со Белорусија
02.02.2017 12:11
Русија и Белорусија имаат тесни политички и економски врски и досега немаа контрола долж заедничката граница.

Руската федерална служба за безбедност воспостави контрола долж границата со Белорусија, како одговор на одлуката на Минск да ги укине визите за краткорочните патувања на граѓаните од 80 земји, вклучувајќи ги и САД и членките на Европската унија.
Русија и Белорусија имаат тесни политички и економски врски и досега немаа контрола долж заедничката граница. Но, одлуката на белорускиот претседател Александар Лукашенко за укинување на визите ја загрижи Русија, која на оваа одлука гледа како на закана за националната безбедност.
