Трамп: Иран постепено ја презема контролата врз Ирак

02.02.2017 12:35

Советникот на Трамп за национална безбедност, Мајкл Флин, на редовен брифинг со новинарите, изјави дека САД го истражуваат иранското тестирање на балистички ракети...

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Иран сѐ повеќе и повеќе ја презема контролата врз Ирак и покрај огромните средства што Вашингтон ги вложил во таа земја.

Советникот на Трамп за национална безбедност, Мајкл Флин, на редовен брифинг со новинарите, изјави дека САД го истражуваат иранското тестирање на балистички ракети и сметаат дека ваквите активности ја поткопуваат стабилноста и безбедноста во регионот, поради што кон Иран упатуваат официјално предупредување.