Анализа за реформи во пензискиот систем
Знаеме каква е состојбата, по што би се пристапило кон предлог измени на Законот, брифираат од ресорот. Ова следува откако Народниот правобранител објави дека околу 314 лица се оштетени преку доброволниот столб, и оти сите институции веќе биле запознаени со проблемот.

Министерството за труд и социјална политика од утре почнува сеопфатна анализа на резултатите од воспоставениот пензиски систем со трите столба. Оттаму велат дека состојбите ќе се знаат по обработката на добиените податоци од фондовите, од ПИОМ и од МАПАС.
Знаеме каква е состојбата, по што би се пристапило кон предлог измени на Законот, брифираат од ресорот. Ова следува откако Народниот правобранител објави дека околу 314 лица се оштетени преку доброволниот столб, и оти сите институции веќе биле запознаени со проблемот.
Според ресорниот министер Ибрахим Ибрахими, веројатно се работи за бројка која нема да предизвика поголеми потреси во пензискиот систем, и дека ќе се предложат измени за да се овозможи никој да не биде оштетен. Сите реформи, вели тој, и потребните закони што ќе се направат ќе бидат во насока на заштита на оние што сметаат дека во моментов се оштетени.
