Боди Милер и Ана Фенингер најбрзи на првиот тренинг
Aлпинците го имаа првото соочување со олимписката спуст патека...

Aлпинците го имаа првото соочување со олимписката спуст патека. На првиот трениг најбрз беше Американецот Боди Милер. Патеката долга 3.495 метри со височинска разлика од 1.075 метри ја мина за 2:07.75 минути. Со многу блиско време до најдоброто на целта пристигна Швајцарецот Патрик Куенг заостанувајќи само за 3 стотинки. Трет резултат оствари Австриецот Матијас Маер послаб за 17 стотинки. Во првиот од трите официјални тренинзи стартуваа 73-ца скијачи.Машкиот спуст за медали ќе се вози на 9-ти февруари.
И алпинките ја почувствуваа тежината на спуст патеката на падините на Роса Кутор. Австријката Ана Фенингер имаше најдобро прилагодување на условите за најтешката дисциплина од алпското скијање. Патеката за женскиот спуст која е долга 2713 метри со височинска разлика од 790 метри ја мина за 1:41.73 минути. Швајцарката Френзи Ауфденблатен имаше второ време послабо за 21 стотинка , а трета беше Американката Џулија Манкузо со заостанок од 38 стотинки. Низ првиот тренинг минаа 56 скијачки, пет од нив не стигнаа на целта. .