Британија не ѝ дозволува на Шкотска нов референдум

02.02.2017 13:58

Идејата ја изнел министерот за одбрана Мајкл Фалон, по што се огласи и премиерката на Шкотска, Никола Старџен, истакнувајќи дека тоа би било катастрофално.

Британската влада би можела да го блокира вториот референдум за излез на Шкотска од составот на Велика Британија, што наиде на осуда во Единбург. Идејата ја изнел министерот за одбрана Мајкл Фалон, по што се огласи и премиерката на Шкотска, Никола Старџен, истакнувајќи дека тоа би било катастрофално.

Фалон рече дека шкотската влада нема мандат да организира втор референдум за независност, како и дека Вестминстер нема да и асистира на идејата на Старџен, граѓаните повторно да излезат на избирачките места по неуспешниот референдум во 2014 година, кога 55 насто од шкотите гласаа за останување во составот на Велика Британија.