Утре двочасовен прекин на сообраќајот на дел од патот Кичево - Охрид
02.02.2017 14:07
Патот ќе биде затворен за сообраќај во времетраење од 15 до 20 минути...

Минирање на автопатот Кичево - Охрид на делот Подвис - Пресека ќе се изврши утре од 13 до 15 часот, информира денеска Регионалниот центар за управување со кризи во Кичево.
Повикувајќи се на добиени известувања, РЦУК Кичево соопшти дека минирањето ќе го врши фирмата „Мактек“, а патот ќе биде затворен за сообраќај во времетраење од 15 до 20 минути.
