Новинарите на „Дневник“ и „Утрински весник“ стапуваат во штрајк

02.02.2017 14:38

Од ССНМ соопштија дека на вработените не им е исплатена платата за декември, платите им биле намалувани, а не биле ниту здравствено осигурени.

Самостојниот Синдикат на новинари и медиумски работници, со претставниците на синдикалните организации на „Дневник“ и на „Утрински весник“, донесоа одлука за стапување во штрајк.

Од ССНМ соопштија дека на вработените не им е исплатена платата за декември, платите им биле намалувани, а не биле ниту здравствено осигурени.

Одлуката за штрајк, неговиот почеток и начинот на негово спроведување, согласно одредбите од Законот за работни односи, му е доставена на менаџментот на МПМ, се вели во соопштението од Самостојниот синдикат.