Алтхаузер: Потребна е политичка волја за надминување на кризата
02.02.2017 14:53
Политичката ситуација во Македонија е сѐ уште тешка, а почитичката волја секогаш е предуслов за политички напредок- смета германската амбасадорка во земјава...

Потребна е политичка волја од сите чинители во државата за надминување на кризата, смета германската амбасадорка во земјава, Алтхаузер. Смета дека важна улога треба да има и претседателот на државата.
„Политичката ситуација во Македонија е сѐ уште тешка, а почитичката волја секогаш е предуслов за политички напредок. Во овој контекст очекуваме отвореност на политичките партии и на претседателот Иванов за да ги приближи партиите“, изјави германската амбасадорка во земјава.
