80 милиони евра за земјоделците преку новата ИПАРД програма
Пред отварањето на новата ИПАРД програма 2014-2020 година, пелагониските земјоделции имаа можност да се запознаат со условите и критериумите, а ќе можат да аплицираат за неколку мерки. На располагање се 80 милони евра од кои 60 милиони, обезбедува ЕУ, а остатокот Република Македонија.

Нови европски можности за развој на македонското земјоделие. Со отворањето на јавниот повик од новата ИПАРД програма на располагање ќе им бидат ставени 80 милиони евра. Две третини ги обезбедува ЕУ. Со овој јавен повик се поеднастуваат можностите за апликација, вели стопанстевеникот Димитар Велковски, кој со вешто подготвената апликација уште на првиот јавен повик обезбеди педест проценти од инвестцијата вредна 380.000 евра за опремување на млекопреработувачки капацитет.
„Тоа беше еден ветер во грб за нашиот почетен развој. Средствата ги искористивме за опремувње на линиите за прием и пастеризација на млекото“, вели младиот стопанственик Димитар Велковски.
Полесен пристап до европските средста очекувват и одгледувачите на пчелни семејства, велат критериумите од минатиот повик за нив биле недостижни.
„Се надевам дека и ние ќе имаме апликации, бидејќи минатиот пат беше комплицирано, па дел средства ни беа обезбедени од националната програма“, изјави медарот Менде Трајковски.
Земјоделците ќе можат да аплицират за ставките од три мерки. За да апликациите бидат поиздражани, ќе помагаат и надлежните институции.
„Со 120т советници ќе бидеме со земјоделците да им укажеме на потребните документи и да им помогнеме во постапките при позитивен одговор“, вели претставникот на АПРЗ, Петар Андонов.
„Секоја од мерките бара соодветна документација и секоја нуди различни висина на одобрените проекти, а овојпат улога ќе игра и местоположбата на апликантот“, вели директорката на ЦРППР, Емилија Геровска.
Ваквата организираност очекуваат да донесе и многу прифатени апликации. Инаку во првиот програмски период биле изготвени 1.750 деловни планови.
Стевче Митревски
