Обновена уште една фасада во Старата скопска чаршија
Се обновуваат фасадите во старата Скопска чаршија. Целта е да се зачуваат архитектурата и духот на чаршијата, но и да се продолжи традицијата на занаетите.

Промовирана уште една обновена фасада на објект во Скопската чаршија во рамките на проектот за конзервација и реставрација на фасади во старите градски јадра. Целта е да се зачува архитектурата и да се продолжи традицијата на старите занаети. Станува збор за објектот кој еден од најстарите дуќани за боење текстил.
Изграден на почетокот на 20-ти век, во овој објект со децени се бојадисувале ткаенини, сега е реновиран со посебен акцент на стариот изглед и начин на работа. Сопствениците, задоволни велат ќе продолжат со својата работа и ќе го пренесат занаетот на идните генерации.
Од Конзерваторскиот центар велат дека лани била извршена козервација на три објекти, за годинава се планираат уште пет проекти во Старата скопска чаршија.
За реставрација на објектот на ул. Евлија Челебија, Министерството за култура издвоило два милиони денари.
Дијана Ценевска
