Русија констатира продлабочување на политичката криза во Македонија

02.02.2017 16:44

Во дописот се вели дека е убедена оти е потребно целосно отфлање на штетните надворешни влијанија и самостојно решавање на внатрешните проблеми. Германската амбасадорка, Алтхаузер изјави дека политичката ситуација во Македонија е се уште тешка, а политичката волја секогаш е предуслов за политички напредок.

„Вештачки предизвиканите вонредни парламентарни избори што се одржаа не придонесоа за решавање на ситуацијата. Русија констатира сериозно продлабочување на политичката криза во Македонија и силно надворешно влијание“- се вели во реакцијата на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација. Под псевдодемократски слогани продолжува длабокото надворешно влијание врз политичките сили во Македонија, се нагласува во соопштението.

Целта е очигледна, Западот да расчисти со македонските политичари кои не му се омилени и покрај јасно изразената волја на граѓаните на изборите во полза на коалицијата „За подобра Македонија“ на чело со Никола Груевски и ДУИ на Али Ахмети. Особен немир предизвикува фактот што во мултиетничка и мултикултурна Македонија каде имаше тежок меѓунационален конфликт политичарите од една етничка заедница врз основа на надворешно диктирани ултимативни барања фактички решаваат кој од блоковите на другата заедница да влезе во составот на идната владина колаиција“- стои во соопштението на рукото МНР.

„Политичката ситуација во земјата е сѐ уште тешка, но Германија е пријател кој сака да помогне на патот кон евроинтеграциите и НАТО“, изјави германската амбасадорка Алтхаузер.

„Политичката ситуација во Македонија е сѐ уште тешка, а политичката воља секогаш е предуслов за политички напредок. Го поздравуваме долгоочекуваниот политички дијалог и отвореноста на претседателот Иванов да се советува со сите партии кои се вклучени на што вчера бевме сведоци“, изјави амбасадорката Алтхаузер.

По консултациите на претседателот Иванов со лидерите на партиите кои освоија пратенички места, тој соопшти дека мандатот ќе го даде на оној кој со доказ ќе потврди дека формирал парламентарно мнозинство.

„Од оние што ќе ја составуваат новата влада барам во својата програма да имаат два клучни приоритета: Прво, заштита на државните интереси на Република Македонија, што подразбира зачувување и зацврстување на унитарниот карактер на државата. Второ, системска реформа по кризата во која ќе бидат опфатени субјектите на системот за национална безбедност на Република Македонија“, рече претседателот Иванов.

На партиите им е оставено да ги продолжат договарањата.

 

Миле Ристески