Тонер: Стејт Департментот ја поддржува работата на амбасадорот Бејли
03.02.2017 10:33
Тонер оцени дека амбасадорот Бејли и неговиот тим работат на партнерство со македонските власти.

Американскиот Стејт Департмент ја поддржува работата на амбасадорот Џес Бејли- вели во изјавата за Гласот на Америка на Македонски, вршитетелот на должност- портпарол Марк Тонер.
Тонер оцени дека амбасадорот Бејли и неговиот тим работат на партнерство со македонските власти.
„Ние сакаме да ја видиме Македонија силна како членка на евро-атлантското семејство“- рече Тонер за Гласот на Америка.
