Вучиќ: Белград направи многу компромиси, најважно е да се зачува мирот

03.02.2017 10:40

Белград е незадоволен поради тоа што веќе 4-та година не се создава заедницата за српски општини на Косово, додека Приштина оценува дека ова е провокација на Белград.

Српскиот премиер Александар Вучиќ по влошувањето на односите со Приштина посочи дека состојбата е напната и дека косовскиот премиер Иса Мустафа ги подготвува вооружените специјалци за упад во северните општини. Порача дека е најважно да се зачува мирот иако Белград направил многу компромиси за Приштина, која според него, нема волја за разговор.

Белград е незадоволен поради тоа што веќе 4-та година не се создава заедницата за српски општини на Косово, додека Приштина оценува дека ова е провокација на Белград.

Граѓаните од српска националност се решителни во одбраната на ѕидот на мостот на Ибар што според нив ги штити од провокации од косовските граѓани од албанска националност.

Брисел ги повика премиерите на двете земји да се воздржат од натамошната жестока реторика.