Продолжуваат протестите во Романија, премиерот не ја повлекува одлуката
03.02.2017 11:03
Претседателот поднесе жалба до Уставниот суд, кој доколку не одлучи поинаку, уредбата ќе стапи во сила во наредните седум дена.

Над 250 илјади демонстранти во Букурешт протестираат против уредбата со која се ублажува законот за корупција. Премиерот на Романија најави дека не планира да ја повлече спорната одлука која се однесува на политичарите.
Претседателот поднесе жалба до Уставниот суд, кој доколку не одлучи поинаку, уредбата ќе стапи во сила во наредните седум дена.
Противниците сметаат дека ова е најголемото отстапување од антикорупциските реформи од приклучувањето во ЕУ пред десет години.
