Матис ја предупреди Северна Кореја

03.02.2017 12:11

За време на посетата на Јужна Кореја, Матис најави дека доколку Пјонгјанг не ги послуша, Вашингтон ќе одговори ефикасно и брзо.

Новиот американски министер за одбрана Џејмс Матис ја предупреди Северна Кореја да не употребува нуклеарно оружје. За време на посетата на Јужна Кореја, Матис најави дека доколку Пјонгјанг не ги послуша, Вашингтон ќе одговори ефикасно и  брзо.

За Сеул потврди дека ќе продолжи да ја добива поддршката од Вашингтон. Неговата изјава следува по најавите за можно ново тестирање на балистичка ракета на почетокот на владеењето на Доналд Трамп.

Посетата на Матис на Јужна Кореја е прва во странство на член на администрацијата на Трамп.