Серија замјотреси во Грција
06.02.2014 13:58
Во Грција денеска се регистрирани серија земјотреси, од кои најсилниот...

Во Грција денеска се регистрирани серија земјотреси, од кои најсилниот, со интензитет од 4,4 степени според Рихтер, се случил 115 километри западно од Атина.
Јачината на другите земјотреси била над 3 степени според рихтеровата скала, на длабочина од 2 до 18 километри.
На почетокот на неделава Кефалонија ја погоди потрес од 6,1 степен во кој беа повредени повеќе луѓе и имаше материјална штета.
