ЕБОР: Бизнисите во Западен Балкан се соочуваат со нелојална конкуренција
Бизнисите од регионот се соочуваат со проблеми поврзани со нелојалната конкуренција во неформалниот сектор, покажало истражувањето на Европската банка за обнова и развој ...

Бизнисите во регионот на Западниот Балкан се соочуваат главно со проблеми поврзани со нелојалната конкуренција во неформалниот сектор, покажало истражувањето на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во 6 земји од регионот, во кое биле опфатени сопственици или врвни менаџери од 1.800 фирми.
Другите пречки исто така се голем товар на претпријатијата и негативно влијаат врз нивната работа, велат од Банката. Сепак, ефектите се разликуваат поради карактеристиките на компаниите, односно секторот во кој работат, пазарната ориентација, менаџерското искуство, видот на сопственост, односно иновативноста.
Исто така важен наод во истражувањето е дека извозно ориентираните фирми, се премногу погодени од проблеми поврзани со царината и трговската регулатива.
