Спречен терористички напад во Лувр

03.02.2017 13:09

Терористички напад во централната културна институција на франција. Во музејот Лувр-обележјето на земјата, со нож е нападнат војник по што е застрелан напаѓачот. Целосна блокада на полицијата, како и на блиската станица на париското метро.

Изутринава војници и полициајци во обезбедување на Лувр отвориле оган и раниле едно лице кое се обидело да влезе во Лувр, во Париз. Според сегашните информации станува збор за обид за атентат, бидејќи напаѓачот се обидел да влезе во Лувр со торби, околу 10 часот. Додека војниците и полицајците побарале од него да го отвори торбите за контрола, тој извадил нож или еден вид сор, и се обидел да ги нападне еден од војниците, при што војниците истрелале пет куршуми.

„Тој им се приближи на полицајците и војниците кои беа на обебзбедување со закани „Алах Акбар“. Најблискиот војник до него стрелаше за да се одбрани наспроти нападот. Притоа еден од војниците е полесно повреден во главата. Војникот истрела пет куршуми, серизоно повредувајќи го напаѓачот со еден куршум во стомакот. Напаѓачот е жив, пожарникарите се грижат за него, по проверката на содржината на двете торби кои ги имаше на грбот ние констатиравме дека нема експлозив и закана по што е ослободен периметарот за судската полиција која започнува истрага под надлежност на обвинителот“- изјави префектот на Париз, Мишел Кадо.

Префектот притоа нагласи дека полицијата и војниците делуваа со голема контрола.

Околината на Лувр беше блокирана од страна на многу полицајци под целосна опрема, а беше затворена и метро станицата Порт Ројал на линијата 7. Веднаш по нападот околу дветса посетитетли на музејот беа евакуирани внатре во музејот се додека теренот не стана безбеден.

Истрагата е во тек и наскоро се очекува и рекација на министертвото за внатрешни работи и обвинителот на Париз.

 

Тони Гламчевски, постојан дописник од Франција за МРТ