Романија: Демонтрации против законот за корупција

03.02.2017 13:18

Новата уредба на законот за корупција во романија предизвика негодување и дома и во странство. И демонстрантите и владата стојат цврсто зад своите ставови. Стотици илјади романци бараат оставка од кабинетот.

Над 250 илјади демонстранти во Букурешт протестираа против уредбата со која се ублажува законот за корупција.  Премиерот на Романија Сорин Гриндеану најави дека не планира да ја повлече спорната одлука која се однесува на политичарите. Претседателот поднесе жалба до Уставниот суд, кој доколку не реши поинаку, уредбата ќе стапи во сила во наредните седум дена.

„Многу сум загрижен, состојбата во Романија е многу сложена, стотици илјади Романци се на улиците и јас им верувам. Му верувам на народот, знам дека на крајот ќе најдеме решение. Владеењето на правото мора да преовладува, но и европските вредности“, изјави Клаус Јоханис, претседател на Романија.

Противниците сметаат дека ова е најголемото отстапување од антикорупциските реформи од приклучувањето во ЕУ пред десет години.

„Имаме десет дена да го средиме проблемот зашто владата има толкав период да го отповика декретот. Меѓународните партнери, Европската комисија, земјите-членки, нашите партнери преку Атлантикот треба да ги употребат сите инструменти за да извршат притисок врз владата да го повлече овој дел од законот“, вели М. Зигфрид Мурешан, европратеник.

„Корупцијата е проблем во Романија исто како и  во многу други земји на ЕУ. Теба да ја спречиме, но за жал, Романија не презеде многу мерки за тоа. Законите треба да се прочистат без да се остави можност тие да се толкуваат во полза на која било од страните“, изјави Норика Николаи, европратеник.

Уредбата декриминализира случаи со корупција во кои фондот не надминува 44.000 евра. Според експертите, мерката ги ослободува од затворска казна службените лица кои се вмешани во ваква злоупотреба на должноста, а тоа би можело да резултира и со зголемен број обиди за корупција или кражба.

 

Маја Филдишев