Столтенберг во посета на Косово
Според српскиот премиер Александар Вучиќ, косовскиот премиер Иса Мустафа ги подготвува вооружените специјалци за упад во северните општини така што е најважно да се зачува мирот.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг е во посета на Косово. По влошените односи на релација Белград-Приштина, тој ги повика двете страни да ја спуштат топката.
Според српскиот премиер Александар Вучиќ, косовскиот премиер Иса Мустафа ги подготвува вооружените специјалци за упад во северните општини така што е најважно да се зачува мирот.
Белград е незадоволен поради тоа што веќе 4-та година не се создава заедницата за српски општини на Косово, додека Приштина оцени дека ова е провокација. Граѓаните од српска националност се решителни во одбраната на ѕидот на мостот на Ибар што според нив ги штити од провокации од косовските граѓани од албанска националност.
Брисел ги повика премиерите на двете земји да се воздржат од натамошната жестока реторика.
