Трамп: Иран си игра со оган

03.02.2017 15:01

Во исто време се огласи и шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф со порака дека Иран „не е погоден од американските закани“, додавајќи оти Техеран никогаш нема да иницира војна.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го предупреди Техеран дека си „игра со оган“ и оти кон Иран нема да биде „така љубезен“ како што беше неговиот претходник.

Јас не!, објави Трамп на Твитер.

Во исто време се огласи и шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф со порака дека Иран „не е погоден од американските закани“, додавајќи оти Техеран никогаш нема да иницира војна.

Зариф реагираше на вчерашната порака на Трамп на Твитер во која употребувајќи големи букви, наведе дека Иран е „формално предупреден поради истрелувањето на балистичките ракети“.

Трамп додаде и дека Иран „треба да биде благодарен“ за договорот, кој по негово мислење е ужасен за САД.

Иран беше на колена и пред колапс пред САД да им пружат спасоносна помош во облик на договор: 150 милијарди долари, тврди Трамп.