АХВ: Уништени речиси 2.000 примероци живина

03.02.2017 15:11

За овие пет дена вирусот не е проширен, но не може да се каже дека е исклучено болеста да се појави на друго место зашто се шири и преку дивите птици.

Во струшко Мороишта сосотојбата со птичјиот грип е под контрола. Уништени се речиси 2 илјади примероци живина. Сега, велат во Агенцијата, ја набљудуваат состојбата.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Поповски информира дека се врши мониторинг во Мороишта и околните села во радиус од три километри. За овие пет дена вирусот не е проширен, но не може да се каже дека е исклучено болеста да се појави на друго место зашто се шири и преку дивите птици.

Во акцијата за сузбивање на птичјиот грип детектиран на 27 јануари, за пет дена се нештетно уништени вкупно 1.950 единки живина, кокошки, гулаби, гуски,…кои потоа беа однесени на депонијата во Струга. Уништувањето се вршеше согласно европските стандарди, а го спроведоа 56 лица во тимови од по тројца, ветеринари и експерти од ветеринарните друштва. Вклучени беа и екипи на МВР, Центарот за управување со кризи и локалната самоуправа, истакна Поповски на прес-конференција.

Процедурата за обештетување на производителите ќе почне веднаш штом бидат доставени барањата за угинатата живина до Агенцијата за храна.