Жбогар е оптимист дека ќе се формира Влада
03.02.2017 16:19
Евроамбасадорот Жбогар вели- на земјава ѝ е потребна коалиција за спроведување на реформите.

Европскиот амбасадор во Македонија, Самуел Жбогар, е оптимист дека ќе се соберат потребните 61 потпис за фомирање Влада, нешто што го бара претседателот Иванов како доказ за мнозинство во Парламентот. Жбогар вели- на земјава ѝ е потребна коалиција за спроведување на реформите.
„Ние се разбира дека како Европска унија ќе го надледуваме целиот процес. Сите политички партии треба да бидат длабоко посветени на европската агенда. Мислиме дека нема да биде тешко да се обезбедат 61, па дури и повеќе од 61 потписи. Она што е важно е новата влада да биде посветена на реформите, а тоа е важно за целата земја“, изјави евроамбасадорот Жбогар.
