Евзони и денеска затворен за сообраќај
Од АМСМ информираат дека на граничниот премин Дојран поради зголемена фреквенција има задржувања од најмалку еден час. На останатите граничните премини, освен на граничниот премин Богородица, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Граничниот премин Евзони, на македонско-грчката граница, е се уште затворен за сообраќај поради штрајк на грчките земјоделци. Отворени за сообраќај се премините Дојран и Меџитлија.
Од АМСМ информираат дека на граничниот премин Дојран поради зголемена фреквенција има задржувања од најмалку еден час. На останатите граничните премини, освен на граничниот премин Богородица, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Сообраќајот на патиштата се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
Магла со видливост од 50 до 100 метри има на патните правци Тетово, Скопје и Катланово.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Д. Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
