Олиписки игри 2014

Руско расфрлање

06.02.2014 14:21

Рускиот град Сочи како 22 домаќин на Зимските олимписки игри ќе се запише по многу нешта како НАЈ.

Meѓу неколкуте првенствено се потрошените енормно безобразни 51 миларда долари. На добивањето на кандидатурара на рускиот град  2007-мата во Гренобл, претседателот Путин вети како сигурност дека буџетот за игрите ќе биде во рамките од 12 милијарди, сума која и тогаш предизвика реакции, ако се има в предвид дека игрите во Ванкувер 2010-тата се затворија со биџет од 6 милијарди зелени банкноти.До Сочи, финансиски лидер беше Пекинг, но како организатор на Летните игри 2008-ма.

Во 51-те милијарди, влучена е и целокупната инфраструктура направена, или во најмала рака рекоструирана токму за игрите. Колку за илустрација само за железницата која поврзува дел од Сочи со планискиот дел Краснаја Поља, чини 8,7 милијарди од споменатите валута.

Играта со бројки ја продолжуваме и насочуваме кон 100-те илјади лица кои ќе бидат вклучени како дел од безбедносните сили на игрите.

25 илјади волонтери ќе се грижат за добрата организација и спортистите кои патем се 3,5 илјади во Сочи, од 88 земји.

3 000 пак артисти се вклучени во церемонијата на свеченото отворање.

15 илјади новинари будно ќе ги пратат настаните.

1300 медали ке бидат доделени, нивната тежина варира од 460 до 684 грама.

145 километри е должината на градот домаќин на игрите кој е сместен меѓу крајбрежјето на Црното Море, до снежните падини и врвови на Кавказ. Оваа километража го прави Сочи еден од најдолгите градови во Европа.

И конечно, игрите, во светот ќе ги видат нешто повеќе од три милијарди луѓе.Благодарение на ексклузивитетот на Македонската телевизија и македонскиот народ ќе биде дел од оваа бројка, со секојдневни преноси и снимки почнувајќи од петок кога е отворањето до 23 и затворањето.