Земјотрес на грчкиот остров Лезбос
06.02.2017 09:50
Kако што соопшти атинскиот Геофизички институт, епицентарот на потресот бил во северниот дел на Лезбос.

Земјотрес со интензитет од 5,1 степени според Рихтеровата скала рано изутрина е регистриран на грчкиот остров Лезбос во источниот дел на Егејското Море. Како што соопшти атинскиот Геофизички институт, епицентарот на потресот бил во северниот дел на Лезбос.
Европскиот Медитерански сеизмички центар пак соопшти дека земјотресот бил со јачина од 5,2 степени според Рихтер на длабочина од два километри под површината на земјата, со епицентар на 156 километри еверозападно од турскиот град Измир.
Засега нема информации за жртви или предизвикани материјални штети.
