Аеродромот во Скопје отворен за сообраќај

06.02.2017 10:06

Изутрината со исклучок на откажаното полетување и слетување за и од Виена, реализирани се полетувања за Белград, Дортмунд, Загреб, Брисел и Стокхолм, а ноќеска по полноќ пристигнале и авионите од Белград и од Лондон.

На аеродромот „Александар Велики“ на кој авиосообраќајот вчера беше во прекин поради маглата, изутрината со исклучок на откажаното полетување и слетување за и од Виена, реализирани се полетувања за Белград, Дортмунд, Загреб, Брисел и Стокхолм, а ноќеска по полноќ пристигнале и авионите од Белград и од Лондон.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Магла со видливост до 50 метри има на патните правци Скопје- Миладиновци, Скопје- Катланово во двата правца и на обиколницата околу Скопје, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Се препорачува претпазливо возење, приспособена брзина на движењето и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.