Евзони блокиран, камионџиите трпат штети
Грчките земјоделци не попуштаат. Се уште е блокиран граничниот премин Евзони–Богородица. Повеќе македонски камиони се заглавени, превозниците трпат големи штети. Најкритично е со околу 15 цистерни, кои превезуваат нафтени деривати.

Една недела- блокирани македонски транспортери на грчко- македонската граница, меѓу нив се и 15-ина цистерни со лесно запаливи нафтени деривати. Грчките земјоделци го продолжуваат штрајкот, незадоволни од даночните и пензиските реформи.
Засега состојбата се амортизира преку граничните премини Дојран и Меџитлија, но превозниците трпат штети. Од Здружението на превозници „Макам-транс“ апелираат да се најде решение на проблемот, бидејќи има најава за уште поригорозни блокади од грчката страна.
Муратовска апелира на разбирање од грчките земјоделци, бидејќи вели дека 15-те цистерни претставуваат опасност и за нив. Но, во меѓувреме апелира до институциите да реагираат со протестна нота до Атина и до Брисел, за да се надмине овој проблем.
Елизабета Кузмановска
