Целосно реновирање на одделот за гинекологија во прилепската болница

06.02.2017 10:31

Еден месец во прилеп нема да се раѓаат бебиња. Комплетно се реновираат операционите сали на едно од најчувствителните болнички одделенија- гинеколошкото. Ова е последно од одделенијата кои комплетно се обновувааст во Градската болница. Граѓаните и пациентите со различни реакции.

Еден месец прилепските бебиња ќе се раѓаат во Битола. Толку треба да трае комплетното реновирање на операционите сали на гинеколошкото одделение во прилепската болница. Сите родилки се праќаат во Битола.

Граѓаните и пациентите со различни реакции. Добро е што ќе ги подобрат условите во едно од најчувствителните одделенија во болницата, но за други тоа не е прв пат.

Во агендата за реновирање на прилепската болница во вредност од 70 милиони денари, прво беа детското, очното, во тек е реновирањето на операционите сали на хирургија и ортопедија, а последни за обнова се салите на гинеколошкото одделение.

Ќе се интервенира само во итни случаи. Проблемот со екипирањето на специјалитите ќе потрае уште неколку години. Во тек се специјализациите, но од болницата уверуваат дека ја имаат комплетната помош од битолските колеги.

 

Елизабета Митреска