Ниже Поле: Ноќното скијање- вистинска атракција

06.02.2017 10:39

Љубителите на скијањето и планината од битолскиот регион зимава најчесто го посетуваат ЗЛТЦ Ниже Поле. Вистинска атракција е за прв пат воведеното ноќно скијање. Иако под топлиот бран ски патеката попушта, бројот на гости не се намалува. Стана мода тука во викендите да се испие утринското кафе, а доаѓаат и цели семејства да уживаат во убавините и чистиот воздух.

Зимско- летниот туристички центар Ниже Поле зимава е преплавен од посетители. Со воведувањето за прв пат на ноќното скијање забавата трае до доцните ноќни часови. Скијачите едногласни ова е квалитативна промена.

Ефектите од реализацијата на дамнешниот сон поголеми од очекуваното. Соодносот помеѓу ноќното и денското скијање е дупло поголем. Топлиот бран можеби ќе го наруши задоволството, но и не да го намали излетничкиот дух.

Ако ноќното скијање направи квалитативна промена, поставената инфраструктура и модернизираното бачило причина за новиот битолски ритуал. Во викендите ќе сретнете цели семејства. Секој со свои причини зошто е тука.

За тоа колку гости во центарот престојовале во изминатите викенди говори и податокот што полицијата многупати воведуваше ограничен режим за влез на возила. Големи ефекти и со помала инвестиција, а какви би биле кога на Пелистер би се реализирале одамна посакуваните капитални инвестиции.

Стевче Митревски