Продолжуваат протестите во Романија

06.02.2017 10:48

Граѓаните на Романија повторно излегоа на протести и побараа оставка од владата и предвремени парламентарни избори.

И покрај одлуката за повлекување на уредбата за ублажување на антикорупцискиот закон, граѓаните на Романија повторно излегоа на протести и побараа оставка од владата и предвремени парламентарни избори.

Уредбата за измени на кривичниот законик овозможуваше амнестија на повеќе политичари и други лица осудени за корупција доколку со своето дело на државата и нанесле штета помала од околу 44 илјади евра.