Трамп: Внимателна проверка на луѓето кои влегуваат во САД

06.02.2017 11:01

Во врска со федералниот судија кој ја стопираше примената на указот, Трамп напиша дека не смее да му се верува на судски систем кој ја загрозува безбедноста на земјата и побара, доколку се случи инцидент, да биде обвинет судијата од Сиетел.

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на Твитер дека на Министерството за внатрешна безбедност му наредил внимателно да ги проверува луѓето кои влегуваат во САД.

Во врска со федералниот судија кој ја стопираше примената на указот, Трамп напиша дека не смее да му се верува на судски систем кој ја загрозува безбедноста на земјата и побара, доколку се случи инцидент, да биде обвинет судијата од Сиетел.

Државјаните од седумте муслимански земји кои добија забрана за влез почнаа да пристигнуваат на аеродромите. Околу 60 илјади визи што беа поништени со указот на Трамп, повторно се валидни.