Шкотска: Партијата на зелените најави одлука за нов референдум за независност
06.02.2017 11:17
Датумот за второто гласање би бил одреден во согласност со процесот на британското напуштање на Европската Унија.

„Одлуката за нов референдум за независноста на Шкотска може да биде донесена во следните недели“, изјави Рос Грир, пратеник на шкотската Зелена партија.
Датумот за второто гласање би бил одреден во согласност со процесот на британското напуштање на Европската Унија.
Грир беше главен во кампањата за првиот шкотски референдум од 2014 година на кој беше отфрлена независноста со разлика од десет насто во гласовите.
