Средба за сирискиот конфликт во Казахстан
06.02.2017 12:13
Покрај анализата, се разгледуваат и предлози на сириската вооружена опозиција за примирјето, како и изработка на мерки за контрола, зголемена доверба меѓу државите во сирискиот конфликт и хуманитарни прашања.

Русија, Турција и Иран на средба во Астана го анализираат спроведувањето на договорот за прекин на огнот во Сирија. За првпат на ваков состанок учествува и Јордан.
Покрај анализата, се разгледуваат и предлози на сириската вооружена опозиција за примирјето, како и изработка на мерки за контрола, зголемена доверба меѓу државите во сирискиот конфликт и хуманитарни прашања.
На претходната средба во истиот град, за прв пат од почетокот на сирискиот конфликт се соочија владините сили и опозициските групи.
