Хан во четврток во Скопје

06.02.2017 12:45

Еврокомесарот Хан ќе учествува на министерскиот состанок за енергетика на земјите од Западен Балкан, а се очекува да има и одвоени средби со лидерите на политичките партии...

Еврокомесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан в четврток доаѓа во посета на Македонија. Ќе учествува на министерскиот состанок за енергетика на земјите од Западен Балкан.

Се очекува Хан да има одвоени средби со лидерите на политичките партии за состојбата во земјава по изборите што се одржаа на 11-ти декември и разговорите за формирање нова влада.