Јанкулоска на распит во СЈО

06.02.2017 12:53

Гордана Јанкулоска, придружувана од нејзиниот адвокат, Никола Додевски, беше на распит во Специјалното јавно обвинителство за повеќе стари случаи.

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, придружувана од нејзиниот адвокат, Никола Додевски, беше на распит во Специјалното јавно обвинителство за повеќе стари случаи.

„На граѓаните на Република Македонија им е повеќе од јасно дека ова е политичка пресметка со неистомислениците на СДСМ, со неистомислениците на Зоран Заев, кој врпочем неодамна беше повторно аболициран од СЈО и без разлика колку пати ќе повикуваат претставници на ВМРО-ДПМНЕ, исходот не може да се смени“, изјави Јанкулоска.

Јанкулоска неколку пати беше на распит и во судот и според нејзе, истрагите на ова обвинителство се политички монтирани.