Дизелот и Еуросупер БС-95 поскапуваат за половина денар
06.02.2017 13:12
Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 66,5 денари за литар, а на Еуродизелот 53 денари.

Малопродажните цени на Еуросупер БС-95 и на Еуродизелот од полноќ се зголемуваат за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 66,5 денари за литар, а на Еуродизелот 53 денари. Цена на Еуросуперот БС-98 останува иста.
|
НОВИ ЦЕНИ НА НАФТЕНИТЕ ДЕРИВАТИ |
|
ЕУРОСУПЕР БС – 95 66,50ДЕН/Л |
|
ЕУРОСУПЕР БС – 98 68,50 ДЕН/Л |
|
ЕУРОДИЗЕЛ БС 53,00 ДЕН/Л |
|
ЕКСТРА ЛЕСНО 1 42,00 ДЕН/Л |
|
МАЗУТ 27,845 ДЕН/КГ |
