Руска амбасада: Излез од политичката криза во рамки на Уставот
Сите обиди за мешање во овој процес однадвор, да се наметнат вакви или онакви решенија покрај волјата на народот на Македонија, посочува амбасада, се многу опасни и мора да бидат офрлени од светската заедница.

Убедени сме дека излезот од тешката внатрешна политичка криза што ја зафати Република Македонија може да биде најден исклучиво во рамки на постоечкото уставно поле, врз основа на општо признаените норми на демократското општество, оценуваат од Руската амбасада во Скопје.
Сите обиди за мешање во овој процес однадвор, да се наметнат вакви или онакви решенија покрај волјата на народот на Македонија, посочува амбасада, се многу опасни и мора да бидат офрлени од светската заедница.
Од Амбасадата нагласуваат дека Руската федерација континуирано ја поддржува безбедноста и стабилноста на Република Македонија како независна, суверена и територијално интегрална држава.
Одлучно ги осудуваат обидите на надворешни сили, како што велат, да го злоупотребуваат факторот на комплицираните меѓуетнички односи за сопствени конуктурни цели.
