ЗОИ Сочи

Одлично олимписко деби за слопстајлистите

06.02.2014 14:37

Сончево време, прекрасна патека во Роза Хутор екстрим паркот и возбудливи квалификации во слопстајл.

Дисциплина од сноубордот што е за прв пат на програмата на зимските олимписко игри во Сочи.

Иако во пресрет на старот од натпреварите имаше негодување кај дел од натпреварувачите дека патеката е претешка, дека последниот скок е како да се паѓа од зграда,особено поттикнати по тренинг повредата на еден од фаворитите,норвежанецот Торстен Хормго, сепак официјалните квалификации донесоа многу квалитет, возбудувања и најавија неизвесна битка за медали.

Во машка конкуренција и покрај неколкуте исклучително атрактивни скокови со 4 ротации се чини дека најдоброто се чува за финале. Со 97.50 од судиите најдобар беше канаѓанецот Максенс Парот, пред Роп Тонтери од Финска и Сандбех Стале од Норвешка.

Најдоброто се чуваше за крај и во женска конкуренција, но Ана Гасер од Австрија со атрактивноста и сигурноста ги освои судиите во квалификациите и беше убедливо најдобра со 95.50 поени, втора е Џејми Андерсон од Соединетите Американски Држави со 93.50, а зад нив кандидатура за медал најави и Изабел Деринг од Швајцарија.

Од пријавените натпреварувачи во машка и женска конкуренција најдобрите 8 обезбедија настап во финалето, додека другите за преостанатите 4 места меѓу 12-те финалисти шансата ќе ја бараат во саботното полуфинале, 3 часа пред битката за медали.

Финалето во женска конкуренција на програмата е в недела.

Завршните натпревари од олимписката премиера во слопстајл ќе можеме да ги следиме на МРТ.