Од јули директен лет Скопје- Доха

06.02.2017 14:33

ТАВ Македонија преговара и со германската нискобуџетска компанија „Еуровингс“ за нови авиолинии кон Минхен и Дизелдорф. Целта е проширување на мрежата авиолоинии од македонските аеродорми и нови конекции кон европските метрополи.

Директен лет од Скопје до Доха. Од јули „Катар Ервејс“ ќе ја поврзе Македонија со Блискиот Исток. Авиокомпанијата ги почнала процедурите за обезбедување на потребните дозволи- информираат од Министерството за транспорт и врски.

ТАВ Македонија преговара и со германската нискобуџетска компанија „Еуровингс“ за нови авиолинии кон Минхен и Дизелдорф. Целта е проширување на мрежата авиолоинии од македонските аеродорми и нови конекции кон европските метрополи.

Во 2016-та во државава влезе и европскиот тур оператор „Томас Кук“ преку кој отпочнаа летовите на рутата Брисел- Охрид, и чартерите од Охрид кон Белград и Тел Авив.

Расте и бројот на патници. Услугите ги користеле речиси 1,8 милиони патници. Бројот на летови лани бил зголеме за скоро 9 проценти.