Барселона: Протести против судењето на поранешниот премиер Мас
06.02.2017 14:33
Мас е обвинет за противзаконско организарање на референдумот за независност на Каталонија на 9 ноември 2014 година.

Неколку илјади приврзаници на идејата за отцепувањето на Каталонија од Шпанија, денеска протестираат пред зградата на судот во Барселона, каде му се суди на поранешниот претседател на каталонската регионална влада, Артур Мас, кој е обвинет за противзаконско организарање на референдумот за независност на Каталонија на 9 ноември 2014 година.
Обинителите во процесот бараат судот да го казни Мас со десетгодишна забрана за извршување на каква било политичка функција.
