Испукан балистички проектил во близина на Ријад
06.02.2017 14:15
Проектилот наводно, бил испукан како одговор на војната што Саудиска Арабија ја води против бунтовниците од 2015 година.

Медиуми блиски до бунтовниците во Јемен тврдат дека Хутите за првпат директно нападнале цел близу Ријад, главниот град на Саудиска Арабија. Според нив, се работи за напад со балистички проектил извршен доцна синоќа кон саудиска воена база западно од Ријад.
Проектилот наводно, бил испукан како одговор на војната што Саудиска Арабија ја води против бунтовниците од 2015 година.
Саудиските власти демантираа дека е погодена нивна воена база.
