Брисел: Нема укинување на санкциите спрема Русија

06.02.2017 15:34

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини изјави дека Брисел нема да ја признае анексијата на на Крим и нагласи дека двете страни мора да го почитуваат мировниот договор од Минск.

Брисел порача дека санкциите воведени кон Русија мора да останат во сила се додека помагаат за прекин на борбите во источна Украина.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини изјави дека Брисел нема да ја признае анексијата на на Крим и нагласи дека двете страни мора да го почитуваат мировниот договор од Минск.

Минатата недела одново избија борби меѓу украинските и проруски сили во источна Украина, пришто загинаа најмалку 33 лица, а десетици беа ранети.