Препораки од пулмолозите: Да се избегнува престој на отворено
Колку можат родителите го избегнуваат престојот на отворено за нивните деца, но сепак, патот од дома до градинка или училиште е неизбежен. Советите од пулмоалерголозите и педијатрите не се на одмет и да се повторат, но едно е сигурно-дека околу 50-ина дечиња дневно доаѓаат со вирусни инфекции, црвено грло, затнат нос и висока темпертатура.

Променливото време, загадениот воздух, вирусните инфекции- го намалија имунитетот на децата. Црвено грло, затнат нос, висока температура, по 50-тина дечиња дневно доаѓаат во ординациите на педијатрите. Кај бебиња oд неколку месеци се дијагностицираат бронхитис и други респираторни инфекции.
„Со загадениов воздух не знам што ќе се прави, планираме од утре да одиме некаде на чист воздух, во Крушево, каде било да избегаме малку“.
„Влијае воздухов. Сега сме тука за друго, ама воздухов на сите им влијае“, велат родителите кои ги анкетиравме.
Педијатрите велат, дека нежните дишни патишта на децата не можат да се справат со аерозагадувањето.
„Оваа зима повторно фактор е загаденоста, повторно се фактор агресивните честички што го поминуваат горниот дишен тракт и влегуваат во долните дишни патишта на кои се должи појавата на опструктивни бронхити на белите дробови. Имаме деца со 10 дена висока температура“, изјави д-р Марија Христова, педијатар, пулмоалерглог.
Кога е загаден воздухот, лекарите советуваат да се избегнува престој на отворено, да се консумира здрава храна, само така ќе може имунолошкиот систем да се избори со надворешните влијанија.
Загадувањето е премногу штетно по здравјето на децата, затоа е неопходно колку што е можно да се престојува надвор од градските средини, на чист воздух- препорачуваат лекарите. Според нив, ова им недостига на белите дробови.
Андријана Атанасовска
