Средба на Могерини со кабинетот на САД

07.02.2017 10:10

Главната порака е да се најде заеднички терен за соработка, но ќе се разговара и за други важни прашања како што се обединетите нации, климатските промени, Либија и Сирија.

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини најави дека состанок со клучните официјални претставници на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон.

Главната порака е да се најде заеднички терен за соработка, но ќе се разговара и за други важни прашања како што се обединетите нации, климатските промени, Либија и Сирија.

Потврдена е средбата со советникот на Трамп за национална безбедност Мајк Флини и со зетот на претседателот и високиот советник Џаред Кушнер.