Дизелот и Еуросупер-95 поскапи за половина денар
07.02.2017 11:07
Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 66,50 ден/лит, а на Еуродизел (Д-Е V) 53,00 ден/лит. Малопродажната цена на Еуросупер БС-98 не се менува, односно останува 68,50 ден/лит.

Малопродажните цени на Еуросупер БС-95 и на Еуродизел (Д-Е V) од денеска се зголемуваат за половина денар за литар.
Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 66,50 ден/лит, а на Еуродизел (Д-Е V) 53,00 ден/лит. Малопродажната цена на Еуросупер БС-98 не се менува, односно останува 68,50 ден/лит.
За еден денар поскапува Екстра лесното масло за домаќинство и ќе изнесува 42,00 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС, пак, се намалува за 0,680 денари и килограм чини 27,845 денари.
