Ладурнер: Балканот е одговорност на Европа

07.02.2017 11:49

Доколку се дезинтегрира блокот, тоа би се случило токму во најкревката точка, односно на Балканот, каде што оперираат моќни надворешни сили.

„Европската унија мора конечно да сфати дека Балканот и е приоритет кој не смее да го препушти на Русија, САД или Турција“, тврди германскиот колумнист Улрих Ладурнер за „Дојче веле“.

Според него, доколку се дезинтегрира блокот, тоа би се случило токму во најкревката точка, односно на Балканот, каде што оперираат моќни надворешни сили.

„Иако повеќето земји не се членки на Унијата, тие се дел и мора да останат во Европа“, нагласи Ладурнер и потсети дека Балкнската војна завршила со интервенција на САД, а Европа била пасивна.

„Администрацијата на Трамп не е заинтересирана многу за Балканот и затоа ЕУ има одговорност да се погрижи за регионот“, додаде Ладурнер.