Берлин: Нема докази за кампањата на Путин
07.02.2017 11:59
Сојузната разузнавачка служба и контраразузнавачката служба дошле до овој заклучок по едногодишната истрага.

Според „Зидојче цајтунг“, не постојат докази дека Русија води кампања за дезинформација против германската влада. Сојузната разузнавачка служба и контраразузнавачката служба дошле до овој заклучок по едногодишната истрага.
Наредбата ја издал кабинетот на канцеларката Ангела Меркел со цел да се открие каков било обид за манипулирање на политичката ситуација во Германија.
